
30 милиони долари инвестиција во Бугарија-Фирма за делови за авиони во Бургас
- Posted by bmbklub
- On 24/10/2018
- 0 Comments
Во Бургас ќе се гради фабрика за производство и поправка и рециклирање на компоненти за погонски авиони. Симболично отварање на почетокот за изградба на објектот од 20 000 квадратни метри направија градоначалникот на Бургас Димитар Николов и извршниот директор на компанијата “Сигматек” ДООЕЛ Алексеј Филипов.
Инвестицијата изнесува 30 милиони долари и ќе отвори над 200 работни места. Активноста на базата ќе биде поврзана со услуги од турбостроењето како поправка и нанесување на специјални облоги на компоненти на авионски турбински мотори. Претпријатието користи и имплементира револуционерни проектни решенија дозволувајќи во Бугарија да се создаде современо производство од високо ниво “know-how”, обединувајќи во себе високи технички знаења и искуства.
Развојот на производството се планира да се одвива во три фази. Првиот е планиран да започне на крајот на 2019 година, кога производството и административните објекти треба да бидат завршени и изградени.
0 Коментари